Фајненшл тајмс: Макрон може да предизвика дестабилизација во балканскиот двор на Европа

671
Photo: EPA / MICHEL SPINGLER POOL

Според Фајненшл Тајмс, „црни“ денови би можеле да следат доколку се промени власта во Северна Македонија.

По евентуалната промена на власт во Северна Македонија и можното доаѓање на националистите кои се спротивставија на Договорот со Грција за промена на името, Балканот може повторно да зачекори во црни денови, прогнозира британскиот весник Фајненшл тајмс во новата ананализа за случувањата после Брисел.

„Ветото на Емануел Макрон за почеток на преговори со Северна Македонија и Албанија за пристапување во ЕУ може да биде запаметен како историска грешка, која ќе ја ослабне Европа и која ги поткопува нејзините амбиции да стане геополитичка сила“, стои во написот.

Авторот пишува дека Макрон со својата блокада ја торпедирал политиката на проширување на ЕУ и дека ја лишил од еден од најголемите инструменти за надворешна политика. На овој начин, посочува авторот, Макрон може да предизвика дестабилизација во балканскиот двор на Европа.

„И се тоа потекнува од лидер кој тврди дека е пример за европски дух на солидарност и соработка“, додава авторот.

Се наведува дека барањата за нова методологија за преговори не се доволна причина да не отпочнат преговорите за членство со Македонија и Албанија, затоа што тоа е процес кој би траел најверојатно со децении.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...