Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика Федерика Могерини, очигледно смета дека шансите во октомври да биде донесена одлука за почеток на преговори за приклучување со Албанија и Северна Македонија се подобрени“, оценува уште во првата реченица од текстот посветен на средбата на шефовите на дипломатии на ЕУ во Хелсинки весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, пренесува Дојче веле.
„Одлука за почеток на преговори за приклучување со Северна Македонија и Албанија досега нема поради задршките на Франција, Данска и Холандија. Додека Париз укажува на неопходноста ЕУ прво да се зајакне, а потоа да се проширува, во Ден Хаг и во Копенхаген постои загриженост поради состојбата на реформскиот процес во Албанија. Оттука, не се исклучува ЕУ прво да донесе одлука за почеток на преговори со Северна Македонија“, пишува