Против 21-годишен скопјанец е поднесена кривична пријава поради основано сомнение дека извршил четири „тешки кражби“ и една „тешка кражба во обид“ со што се стекнал со противправна имотна корист од околу 147.200 денари.
Момчето ги извршило делата од август до октомври годинава на подрачјето на општина Центар каде со употреба на сила и погоден алат влегувал во продавници, книжарница и една приватна фирма од каде крадел пари, платежни картички и други предмети.
На 28 октомври е приведен во полициската станица на Бит пазар. Тој ги признал делата и ги посочил местата каде се наоѓаат дел од украдените предмети.