Фатен арачиновец со 30 килограми марихуана

125

На регионалниот пат Дебар – Маврово, во близина на Мелнички мост, вчера во 20 часот сопрено е патничко моторно возило „Цитроен“, со скопски регистарски ознаки управувано од Ќ.М.(63) од скопско Арачиново.

– При преглед на возилото, полицијата пронајде и одзеде три јутени вреќи со околу 30 килограми марихуана. Ќ.М.  е приведен, а по дополнително преземени мерки, на граничниот премин „Блато“, во близина на Дебар, приведени се и албанските државјани Д.Ц.(41) и А.М.(45).

По наредба на надлежен Јавен обвинител, приведените лица се задржани во полициската станица во Дебар за натамошна постапка.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...