Фатени 83 мигранти во камион кај Гевгелија

196

Во близина на селото Смоквица, Гевгелија, полицајци од граничен надзор и гранична контрола „Богородица“ спречено е криумчарење на мигранти во товарно моторно возило влекач со гевгелиски регистарски ознаки сопственост на фирма, а управувано од Р.Р. од Гевгелија.

Во товарниот простор од возилото пронајдени се 11 малолетни лица (10 од Пакистан и еден од Авганистан) и 72 полнолетни лица мигранти (четири од Ирак, еден од Индија, еден од Авганистан и 66 од Пакистан).

Возачот е обезбеден за понатамошна постапка, а лицата во моментов се ноаѓаат во прифатниот центар во Гевгелија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...