Фатени 47 мигранти во комбе, возачот побегнал

100

Вчера околу 21 часот на излезот од село Банско кон село Свидовица од полициски службеници од СВР Струмица и Регионален центар за гранични работи Исток по превземени активности пронашле паркирано товарно моторно возило „фиат дукато“ со скопски регистарски ознаки во кое што биле пронајдени 47 лица-мигранти од Авганистан, Пакистан и Ирак, додека возачот на возилото го напуштил местото на настанот.

За настанот е запознат јавен обвинител а лицата –мигранти се сместени во Прифатен центар за странци во Скопје и Привремениот транзитен центар во Гевгелија.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Струмица и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...