Фатени брат и сестра, лажни хуманитарци со донации за деца со посебни потреби

810

МВР поднесе кривична пријава против две лица кои формирале Фондација со име „Допир“, која активно работела на собирање средства за помош на деца со посебни потреби и ретки болести.

Како што јави МВР две лица на 53 и 49-годишна возраст, со иницијали М.Ш и А.Ш,  креирале веб страна, а полицијата утврдила дека лицата за кои се собираат донации на страната не постојат, односно креирани се измислени, лажни, фиктивни профили преку кои веб-страницата собирала донации и парични средства.

Измамниците вкупно собрале 3.531.199 денари.

По направената анализа на банкарските сметки било констатирано дека од собраните парични средства, пријавените вршеле повлекување на парични средства за сопствени потреби. Паричните средства од фондацијата се замрзнати.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...