Фаталниот турски актер не го спаси бракот: Таа се омажи само од корист ФОТО

Двојката има едногодишен син, а покрај расипноста, Дениз како причина за крах на бракот наведува дека Фејза не ги исполнувала мајчинските должности.

2000

Турскиот актер Озџан Дениз (46) се обидел да го спаси бракот, но по вторпат не му успеало. Како што пренесуваат турските медиуми, актерот од серијата  „Истанбулската невеста“ се разведува од манекенката Фејза Актан (26).

Тие едвај издржале 15 месеци, а во текот на тој период зачестено се карале околу нејзиното неконтролирано трошење на парите.

Двојката има едногодишен син, а покрај расипноста, Дениз како причина за крахот на бракот наведува дека Фејза не ги исполнувала мајчинските должности.

Манекенката веќе смислила и како ќе се збогати. За времето поминато во бракот со славниот актер барала надомест од 2,5 милиони евра.

– Знаевме дека нема да опстане бракот. Фејза се омажи од корист. Тоа што бара толку голем надомест сè докажува – рекол пријател за турските медиуми.

FOTO: Instagram

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...