На влезот на скопско Драчево во утринските часови се случила сообраќајна несреќа со фатални последици. Пет лица загинале од кои тројца на лице место, а двајца животот го загибуле на скопските клиники.
Сообраќајката се случила кога автомобил „рено 5“ удрил во камион за смет на „Комунална хигиена“ во близина на бензинската пумпа на улицата „Борис Трајковски“ на влезот во Драчево.
Увидот треше до раните утринските часови, а сообраќајот беше блокиран.
Од МВР повеќе детали за сообраќајката најавија во текот на денов.