Режисерот Лазар Бодрожа наскоро почнува со снимање на новиот филм, а една од главните улоги ѝ е доделена на холивудската ѕвезда Меган Фокс која наскоро доаѓа во Србија.
Меган Фокс, познатата кул холивудска актерка, ѕвездата на филмот „Трансформерс“, мајка на три момчиња што ќе ги донесе со себе, наскоро пристигнува во Србија, пренесува холивудскиот печат.
Убавата Меган ќе глуми во филмот на Бодрога „Аурора“, објави „Вариети“, a доделена ѝ е улогата на астронаутка кој следи соларни бури. Откако ќе утврди дека брановите на овие бури не само што влијаат на Земјата, туку и го преобликуваат просторот и времето, доаѓа до прагот на емоционална и психолошка борба со самата себе. Снимањето би требало да започне во мај во Србија.
Подготовките за „Aурора“ се во тек веќе една година, а сценариото го напишаа Питер Бриџис, Тоби Гибсон и Стјуарт Вилис. Се претпоставува дека со снимање ќе се почне во мај.