Фан со брутални лузни на лицето по тепачка меѓу поддржувачите на Милвол и Евертон (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО)

192
ФОТО: Принтскрин

Тимот на Милвол приреди големо изненадување изминатиов викенд во ФА Купот, откако го отстрани Евертон со 2:1. Тимот од Чемпионшип дивизијата продолжува на турнирот, но грозни сцени се случија пред почетокот на натпреварот.


Неколку часа пред дуелот бевме сведоци на немири меѓу поддржувачите на двата тима, а еден од фановите на „карамелите“ беше пресечен со нож низ лицето. Тој не го откри неговото вистинско име, но веднаш помечот ги покажа последиците што ќе останат засекогаш.

– Не можам повеќе да го гледам лицето, тоа е одвратно – пишува тој од лажна сметка на социјалните мрежи.

Полицијата објави дека еден човек околу 20 години бил пресечен преку лицето и бил однесен во болница во јужен Лондон од страна на полицијата, а неговите рани не се загрозувачки по животот.

ФОТО: Принтскрин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...