Ако претходно фановите на серијата „Игра на тронови“ се жалеа дека не можат да видат ништо на екраните, сега се жалат дека виделе премногу. Во една од сцените беше забележана хартиена чаша од Старбакс.
И покрај трудот се да биде совршено во епизодите од оваа хит-серија, се чини дека некој не го испил кафето тој ден, па ја оставил чашата токму пред Емилија Кларк.
Додека едни се прашуваат како е можно ова да се случи, други коментираат дали можеби чашата намерно е ставена таму.
ФОТО: Принтскрин / Јутјуб / ХБО