Фанови го обвинија бившиот на Кортни Кардашијан оти објавил расистичка фотографија

401

Фанови го обвинија бившиот на Кортни Кардашијан, Скот Дисик, оти објавил расистичка фотографија. На Инстаграм Дисик ставил фотографија од 6-годишната ќерка Пенелопи како си ги растега очите за време на вечера во јапонски ресторан.

„Јас сум од Азија и ова е расистичко“, „Девојчето сигурно видело некој како го прави тоа и смета дека е во ред“, се само дел од коментарите, пренесува „Us weekly“.

Други сметале дека девојчето само правело смешен израз на лицето и дека тоа не знае што е расизам.

Покрај Пенелопи, Кортни и Скот имаат уште две деца. Наводно, тие сега биле во добри односи и покрај тоа што повеќе не се заедно.

ФОТО: Инстаграм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...