Манекенката Ешли Грахам вчера објави фотографија од нејзиното голо тело. Таа и нејзиниот сопруг Џастин Ервин во средата објавија дека го очекуваат своето прво дете.
На фотографијата објавена на социјалните мрежи се гледа вратот на 31-годишната Грахам и дел од нејзините града, рака, стомак, задник.
– Исто исто но малку поинакво – напишала таа.
Најголем дел од коментарите се со позитивна содржина.
„Не можам да дочекам да станеш мајка и да научиш друго човечко битие дека сите тела се убави. Ќе бидеш многу добра мајка“ е еден од нив.
„Ти благодарам што му покажуваш на светот дека постоиме“, „Ми течат солзи додека го пишувам ова. Фала ти што си толку природна, искрена и реална. Фотографии како оваа прават да се сакам себеси и да го прифатам своето тело подобро. Ти си прекрасна“ се само дел од позитивните коментари.
Грахам е позната по тоа што зборува за своето тело и за нејзиниот став дека сите треба да се сакаат себеси без разлика какви се.
Таа признала дека понекогаш си зборува самата на себе на оваа тема.
– Му зборувам на мојот целулит. Тоа е начин на кој може да се победе стравот од тоа да се биде расоблечен пред други луѓе, но и да се надминат несигурностите кои ги имате поради тоа какви сте создадени. Тоа е бидејќи ни велеа дека целулитот е грд, што некои денови не е толку добар. Но, јас секогаш ќе му зборувам и ќе му велам „Ти си убав, целулиту. Прекрасен си. Ти си дел од мене“ – кажала таа.
ФОТО: EPA / PETER FOLEY