Инспекторите од УЈП во затворот Шутка на Бојан Јовановски Боки 13 треба да му врачат налог за контрола на финансиското работење на Меѓународен сојуз, објави Сител.
Налогот треба лично да го добие Бојан Јовановски за да почне проверката на документите во фирмите. На сите други фирми кои се поврзани со аферата „Рекет“ вакви налози им се доставени и од понеделник ќе почне преземањето на документите.
Од извори во затворот, Сител дознава дека утрово Јовановски се жалел на здравствени проблеми поради кои интервенирала и Брзата помош, но сега тој се чувствува добро.