Четворица починале од грип во минатата недела со што бројот на жртви од ова заразно заболување се зголеми на 15 во оваа сезона.
Дознаваме дека двајца од починатите биле од Скопје, а еден е од Охрид.
Ова се најновите пријавени смртни случаи во Институтот за јавно здравје, од каде се очекува надлежните да дадат повеќе информации за бројот на заболени, како и за починатите лица.