Уште седум новозаразени со морбили на Инфективна клиника

Три се задржани на лекување и тоа една 32-годишна пациентка од Сарај, едно дете на возраст од една и пол година од Кисела Вода и уште едно дете од една и пол година од Чаир.

306

Седум новозаболени со морбили вчера се јавиле на преглед на Клиниката за инфективни болести, информираа од таа јавна здравствена установа.

Од нив, три се задржани на лекување на Клиниката и тоа една 32-годишна пациентка од Сарај, едно дете на возраст од една и пол година од Кисела Вода и уште едно дете на возраст од една и пол година од Чаир. Сите биле невакцинирани.

Четворица од заболените се амбулантски прегледани и се пуштени на домашно лекување

На Клиниката има 26 пациенти од кои четворица се возрасни, 22 се деца од кои најголем број се на возраст од една и под една година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...