Уште само еден филм пред пензија, но и едно сценарио кое никој не го очекуваше

И иако зад себе има веќе десет филмови, факт е дека „Убиј го Бил“ се смета како еден филм, а тоа значи дека на еден од најдобрите режисери во денешницата му преостана да сними само уште еден филм.

525

Познатиот режисер Квентин Тарантино вети дека ќе сними само десет филмови и потоа ќе замине во пензија.

И иако зад себе има веќе десет филмови, факт е дека „Убиј го Бил“ се смета како еден филм, а тоа значи дека на еден од најдобрите режисери во денешницата му преостана да сними само уште еден филм.

Иако голема е веројатноста дека на крајот ќе се одлучи за нешто ново и целосно неочекувано, многумина врз основа на неговите многубројни интервјуа составиле листа на потенцијални проекти.

Без оглед на тоа за кој филм тој на крајот ќе се одлучи, нема сомнеж дека ќе биде нешто квалитетно и дека тоа ќе биде една од најдобрите филмографии во историјата на Холивуд.

Еден од проектите кој го започнал и во еден момент го напуштил била приказната која настанала во текот на пишувањето на сценариото за филмот „Проклетници“, а би ја следела Алд Рене (Бред Пит) и водачот на црните војници кои се обидуваат да им се одмаздат на белите наредници кои ги малтретирале во војската. Тарантино признал дека сценариото би требало посериозно да се дотера во случај да се одлучи на снимање.

Филмот „Евтини приказни“ беше идејата со која Тарантино се поигруваше, а овојпат би станувало збор за браќата Вага, Винчент и Вич.

Се зборува и дека наредниот филм би можело да биде продолжение на „Убиј го Бил“. Сценариото би се врлето околу Беатрикс Кидо (Ума Турман) и ќерката Вернити Грина (Вивика А.Фокс) која ја убила во нејзината куќа и на некој начин најавила одмазда.

– Ума и јас за ова неодамна зборувавме и искрено и сериозно размислував за тоа. Доколку некој мој филм излезе од некој мој постоечки тоа сигурно ќе биде третиот дел од „Убиј го Бил“ – изјавил Тарантино за МТВ.

– Ми падна на памет идеја за „кул“ секс филм кој би бил сместен во Стокхолм, а неколку Американци би посетиле неколку пријатели во Шведска. Би излегувале, би се опивале, добро би се забавувале и на крај би се скарале. Ако одлучам да го снимам тој филм, би морал да пронајдам што ме возбудува. А, кога станува збор за секс на филм, мора да биде перверзно затоа што тоа е она што е забавно. Но, мојот проблем не би бил тоа што ги откривам своите тајни, туку разговорите со новинарите во текот на промоцијата на филмот. Тоа би ми било малку морничаво и прашањата би биле морничави – порачал Тарантино.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...