Мексиканската полиција го пронашла телото на жена обесена во бањата во хотелската соба, а станува збор за Фатима Давила, која го претставуваше Уругвај на изборите за Мис во 2006. и 2008 година.
Локалното обвинителство ги истражува околностите поврзани за овој случај за да се утврди дали станува збор за убиство или самоубиство.
– Засега е утврдено дека жената во Мексико Сити допатувала на 23 април. Познаник ѝ помогнал да се смести во апартманот на хотелот воочи разговорот за работа кој го имала закажано – навеле во обвинителството.
Мексико бележи цела низа смртни случаи на жени од странство. Во последните неколку месеци локалните власти уапсиле голем број трговци на жени и сексуални робинки.
FOTO: Instagram/Printskrin