Уште еден обид „Талир“ да мрдне од „мртва точка“

256

Судењето за предметот „Талир“ на Специјалното јавно обвинителство, а кој се однесува на незаконското финансирање на партијата ВМРО ДПМНЕ треба да продолжи денеска во Кривичниот суд во Скопје.

На барање на одбраната, минатото рочиште беше одложено поради отсуство на обвинетиот Леко Ристоски.

Првото рочиште за случајот „Талир“ се одржа на 18 февруари оваа година, но судскиот процес неколку месеци се одложува и се наоѓа на почетокот.

Во случајот „Талир“ обвинети се Никола Груевски, Кирил Божиновски и Миле Јанакиески кои се товарат за „злоупотреба на службената положба и овластувања“ и „перење пари“, како и Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска обвинети само за делото „перење пари“.

За истото дело, како правен субјект со обвинението опфатена е и ВМРО-ДПМНЕ.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...