До денес претпладне ќе има пообилни врнежи од дожд кои локално ќе бидат поројни, а во југоисточните делови проследени со ретки грмежи. Вкупната количина на наврнат воден талог од овој влажен бран на места се очекува да биде над 40 л/м2. Потоа до сабота времето ќе биде стабилно со појава на магла по котлините.
Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по влажни коловози. Поради појава на магла, видливоста на патниот правец Лисец – Попова Шапка е намалена на 50 метри.