Уште девет земји треба да го ратификуваат протоколот за членство во НАТО

На овој список се Луксембург, Исланд, Велика Британија, Шпанија, САД, Италија, Холандија, Франција и Турција.

425
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, на денешната средба со новинарите рече дека уште девет земји не го ратификувале протоколот за членство на нашата земја во НАТО и оти според информациите со кои располага тој во сите земји постапките за ратификација се во тек. Тој очекува сите постапки за ратификација да завршат на есен.

На овој список се Луксембург, Исланд, Велика Британија, Шпанија, САД, Италија, Холандија, Франција и Турција. Во Парламентот на Велика Британија, рече, нема класично гласање, протоколот стои 21 ден како предмет и доколку никој не поднесе забелешки, по истекувањето на овој рок се смета за ратификуван.

Џафери очекува и во Турција да заврши постапката за ратификација до есен. Според информациите што ги има, парламентарната постапка е почната и во оваа земја.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...