Азилантот и експратеник Никола Груевски не поднел барање за апанажа, потврди денеска на брифинг со новинарите претседателот на Собранието Талат Џафери.
Пратениците му ја констатираа оставката на 11 јуни и отогаш тој има рок од 30 дена да поднесе барање за апанажа.
Ако Груевски поднесе бараење за апанажа тој една година ќе зема цела пратеничка плата во висина од над 60.000 денари.
За апанажа сѐ уште не се пријавил ни Павле Богоевски кој поднесе оставка на пратеничката функција по објавувањето на компромитирачките аудио снимки.