Двајца обвинети за насилството и упадот во Собранието од 27-април минатата година признаа вина и изречени им се пресуди, потврдија од Кривичниот суд. На едниот му е изречена казна затвор од една година и три месеци, а другот е осуден условно на две години затвор.
„Врз основа на признание на вина донесена е првостепена, неправосилна пресуда со која обвинетите Д.П. и В.Ц. се огласуваат за виновни. На Д.П. за кривичното дело „насилство“ му е определена алтернатвина мерка „условна осуда во траење од две години затвор, која нема да се реализира доколку во следните пет години не стори ново кривично дело, како и мерка „задолжително психијатриско лекување“. В.Ц. за кривичното дело „насилство“ е осуден на казна затвор во траење од една година и три месеци. Воедно за В.Ц. остануваат на сила претходно определените мерки за претпазливост, односно „забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште“ и мерка „одземање на патна исправа и забрана за издавање на нова“, се наведува во соопштението од Кривичниот суд во Скопје.