Уште двајца заразени во Хрватска, во Атина затворено училиштето каде учат децата на заболената жена

Првиот пациент кој е помладо лице кое е хоспитализирано во Загреб, а вториот заразен е повозрасен маж и веќе се наоѓа во болницата во Ријека. Новозаболените лица веќе биле во карантин откако е констатирано дека контактирале со заразени лица и избегната можноста тие да заразиле други луѓе.

303
epa08205124 Passengers disembark from the 151,000-tonne World Dream cruise liner docked at the Kai Tak Cruise Terminal in Hong Kong, China, 09 February 2020. Guests on board World Dream have been cleared to disembark the ship after Dream Cruise announce that all passengers and crew have tested negative for the 2019 Novel Coronavirus (2019-nCoV). World Dream originally arrived into Kai Tak Cruise Terminal in Hong Kong on 05 February after being denied port call in Taiwan as three passengers on a previous trip developed coronavirus symptoms. EPA-EFE/JEROME FAVRE

Националното биро за цивилна заштита на Хрватска соопшти дека се потврдени уште два случаи на лица заразени со коронавирусот, јави дописникот на МИА.

Според министерот за здравство на Хрватска Вили Берош се работи за луѓе кои се блиски и биле во непосреден контакт со веќе заразените во Загреб и Ријека.

Првиот пациент кој е помладо лице кое е хоспитализирано во Загреб, а вториот заразен е повозрасен маж и веќе се наоѓа во болницата во Ријека.

Тоа што е добро според хрватските здравствени власти е дека новозаболените лица веќе биле во карантин откако е констатирано дека контактирале со заразени лица, а на тој начин е избегната можноста тие да заразиле други луѓе.

Приватното средно училиште во кое учат децата на 40-годишната жена од Атина, заразена со коронавирусот, денеска е превентивно затворено, јави дописничката на МИА од Атина.

Од „Колеџ Атина“, соопштуваат дека по наредба на министерката за образование и по препорака на Националната организација за јавно здравје, училишните единици за средно образование, како и градинката денеска ќе бидат затворени, од превентивни причини.

Грчките медиуми објавија дека со 40-годишната, на патувањето во Италија, каде што и се заразила со вирусот, била и нејзината ќерка, која веднаш по враќањето во Атина, заминала на екскурзија во Лондон.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...