Учителката која имала сексуални односи со 13-годишен ученик додека соученикот сè гледал, заврши во затвор каде што ќе остане 20 години, пресудил судот во американската држава Аризона.
Британи Замора (28) го наговорила момчето да имаат секс во нејзиниот автомобил и во училницата, а му испраќала и свои голи фотографии, пишува „Сан“. Една од таквите ситуации била и во училницата и тоа додека друг ученик држел стража и гледал.
Учителката, инаку мажена, била фатена кога родителите на момчето се посомневале поради многуте пораки што му ги испраќала. Тринаесетгодишникот признал дека има сексуални односи со учителката, а потоа родителите го пријавиле случајот во училиштето и во полицијата.
Пред да имаат сексуални односи, Замора му испраќала бројни пораки на детето. Во една порака му напишала и дека сака да има секс со него секој ден без временско ограничување.
Тинејџерот ѝ испраќал љубовни пораки во кои ѝ порачувал дека е секси. Замора во времето на оваа афера била во брак. Се венчала во 2105 година, но таа и сопругот немаат деца. Не е познато дали двојката сè уште е заедно.
Таа ја признала вината по 10 точки од обвинението кое ја товари за секс со малолетник. Има и две точки од обвинението за злоставување, како и две за прикажување сексуално експлицитен материјал на малолетникот. На изрекувањето на пресудата, кога е осудена на 20 години затвор, Замора плачела.
Мајката на момчето рекла дека Замора ја украла неговата невиност, ја издала довербата на родителите и засекогаш го променила момчето.
– Пред тоа, тој беше невино дете, а таа сега таа негова невиност ја украде. Ја мразам Британи Замора поради она што му го направи на мојот син и на нашето семејство – рекла мајката на детето пред судот, а на учителката ѝ порачала:
„Се надевам дека секој буден миг во затворот ќе го поминеш размислувајќи за ужасното злосторство кое го изврши и кој те однесе зад решетки. Сега ќе го поминеш остатокот од младоста и поголемиот дел од живот во затвор. Нема да дозволам да се мешаш во животот на мојот син. Доброто го победува злото, а ти си само темната сенка која нашето семејство ќе ја победи“, пренесува „Сан“.