Училиште кое ги отвори своите врати за првпат оваа недела стана предмет на критики бидејќи на учениците им дава само вегетаријанска храна за ручек, а забрането е носење храна од дома.
Мајка се пожалила оти нејзината ќерка била оставена гладна неколку денови, пренесува „Метро“.
Училиштето кое се наоѓа во Самертаун, Оксфорд, има месо и риба како опции за ужинка, но за време на ручек храната е вегетаријанска.
– Слушнав дека многу деца се гладни исто така, би требало да има опција покасно да се јаде месо. Не сум слушнала за вакво училиште досега – додала мајката.
Вкупно 1.260 ученици учат во ова училиште.
– Се одлучивме за вегетаријански оброци поради три причини. Прво, поради добриот квалитет за истите пари. Второ, придобивки од животната средина и одржливоста. Трето и најважно, им дава на учениците можност да јадат сите заедно без разлика на нивната вера – кажала наставничката Кеј Вуд.
Таа додала дека оваа одлука не значи дека оние кои јадат место ќе бидат осудувани.
– Ручек од дома не е дозволено, не поради тоа што учениците може да донесат месо, ами бидејќи сакаме сите ученици и вработени да јадат заедно. Сите се грижат за храната да биде прекрасна. Ние гледаме нашите ученици да не останат гладни – им нудиме бесплатен појадок секој ден на сите нив.
ФОТО: Метро