Училиштата во Хонг Конг под клуч до 16. март поради коронавирусот

33
ФОТО: EPA / JEON HEON-KYUN

Училиштата во Хонг Конг ќе бидат затворени до 16. март за да се спречи ширењето на коронавирусот во градот.

Градскиот секретар за образование, Келвин Џеунг, изјави дека учениците од основните и средните училишта нема да се вратат во училиштата од продолжениот распуст најрано до половината на март.

Одлуката ја донесе Советот за здравствени стручњаци.

Учебната година требаше да почне на 17 февруари, но распустот беше продолжен до 2 март.

Во Хонгконг едно лице почина како последица на коронавирусот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...