Со свечена церемонија утрово беа пречекани првачињата и учениците во училиштата на територија на Општина Карпош.
Во училиштето „Петар Поп Арсов“ освен родителите и наставниците, топло добредојде им посака и градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев.
На свечената училишна церемонија се обрати и главниот продуцент на серијата Зоки Поки, Роберт Насков, која цело изминато лето се снимаше во училштето “Петар Поп Арсов“. Тој пренесе кратки пораки до сите присутни, искуства од снимањето на серијата и даде огромна благодарност до градоначалникот и одговорните лица, кои помогнаа да се реализира оваа серија, која наредното лето се очекува снимање на втората сезона.
Со сценско-музички настап од поголемите учениците, беше збогатена свеченоста, кои исто така им посакаа топол и среќен почеток во учебната година.