Ученици од различни средни училишта и моторџии од Крајстчрч им оддадоа почит на жртвите на терористичкиот напад со изведување на танцот хака.
Со положување цвеќе и минута молчење, учениците ја започнаа церемонијата на маорскиот танц во чест на жртвите во нападот, во кој во две џамии беа убиени 50 лица, пренесува „Гардијан“.
Моторџиите пред почетокот на танцот се заблагодарија на полицијата на Нов Зеланд на преземената акција по извршениот масакр.
Хака е важен дел од традицијата на Маорите од Нов Зеланд. Се изведува во група, со енергични движења и тропање по тлото, проследено со извици.
ФОТО: EPA / Martin Hunter