Професорката по математика, Аналиса Алтарива, била суспендирана откако ученици на Фејсбук „ископале“ нејзини секси фотографии.
Иако фотографиите се стари пет години и 33-годишната жена тогаш не работела како професорка, сепак училиштето одлучило да биде суспендирана.
Во објавите на Фејсбук кои ги пишувала во 2013 година, таа признала дека „премногу размислува за сексот“ и дека луѓето веруваат оти таа ќе стане порно ѕвезда.
– Ова не е шега. Какви луѓе ги опкружуваат моите деца? Не може да се занимаваш со таа професија и да се однесуваш на тој начин – изјавила една мајка, на чиј син предавала суспендираната, пишува „The Sun“.
Учениците си ги разменувале фотографиите по мобилните телефони, па така дознало училиштето. Тоа не сакало да го коментира случајот, а професорката и нејзиното семејство се кријат од јавноста.
ИЗВОР: српски „Курир“
ФОТО: Принтскрин / Фејсбук / српски „Курир“