Учениците оваа сабота ќе учат – неработниот 7 мај ќе се одработи на 8 јуни

953

Владата денеска на седница донесе заклучок на 8 јуни (сабота) да се одработи 7 мај кој поради посетата на папата Франциск беше прогласен за неработен ден во Скопје.

Одлуката се однесува на основните и средните училишта на територијата на Град Скопје кои го немаат одработено овој ден во претходниот период, како и за градинките и здравствените установи на територијата на Град Скопје, кои од Министерството за труд и социјална политика и Министерството за здравство ќе добијат планови за работењето во овие дејности.

Владата му препорачува и на приватниот сектор на територијата на Град Скопје да ја спроведе оваа одлука доколку ја спровеле претходната препорака – 7 мај да биде неработен ден.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...