Лавина од реакции на социјалните мрежи предизвика објава со цитати од учебник по социологија за втора година средно образование, во кој, меѓу другото, се посочува дека жената која е поактивна во општествениот живот има поголеми шанси да стори криминал. Од друга страна, стои дека, ако жената е затворена во домот нема можност да биде сторител на кривично дело.
Како што се наведува на социјалните мрежи, автори на овој учебник, кој е во употреба во последните 17 години, се универзитетските професори Нелко Стојаноски, Милева Ѓуроска и Зоран Матевски. Во учебникот, исто така, стои дека прељубата е кривично дело. Односно дека жените во помал обем се сторители на „следните кривилни дела:прељуба, недозволен абортус, уцени, кражби, кривоклетство.
„Секоја чест на авторите за ставовите позајмени од времето на племенските заедници;„Правеле копи пејст од времето на вештерките“; „Два дена дома седам, одам утре да опљачкам нешто“… се дел од коментарите на Фејсбук, по објавувањето на дел од спорните содржини во учебникот по социологија.