УХМР: Поројни дождови во Струмичко и во Берово

390

Подрачјето на Струмица и околината, како и Берово попладнево се зафатени од нестабилна воздушна маса, која е пратена со интензивен пороен дожд, грмежи и можна појава на град. Нестабилната облачна маса се движи кон југ во правец на Валандово, Дојран и Богданци, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Оттаму посочуваат дека нестабилно е и во повеќе места во источниот и во планинските подрачја во југозападниот дел од земјата, како и над Преспанското Езеро.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...