УХМР: Најмногу дожд во Куманово, најмалку Тетово и Маврово

680

До 13 часот во невремето што зафати делови од Македонија најногу дожд наврна во Куманово – 20 литри на метар квадратен, во Скопје Петровец 16, Скопје З. Рид 11, Лазарополе 4 и помалку од 1 во Маврово и Тетово, соопшти УХМР.

Оттаму информираат дека врнежите на Метеоролошката станица Зајчев Рид траеле само 25 минути и тоа од 11 40 до 12 05 часот, а за тоа време паднале 11 литри на квадратен метар.

Во пладневните часови преку северните делови од земјата започна да преминува бран од врнежи проследени со грмежи и повремено пороен дожд.

Под влијание на оваа влажна и нестабилна воздушна маса најмногу беа зафатени северозападните делови од земјава, а потоа и регионот на Скопско.

Нестабилното време се префрли од западните делови од Скопската котлина преку централното градско подрачје понатаму кон исток, а имаше појави на пороен дожд, грмежи и засилен ветер чија брзина повремено надминува 80 км/час.

Нестабилноста во моментов е на североистокот од земјата и врнежите и грмежите во следните часови ќе се преместува кон исток, а можно е таму и дa се прошират.

Во Скопскиот регион и натаму има услови за појава на повремен поинтензивен дожд и ретки грмежи и тоа претежно преку денот и во вечерните часови.

Утре нестабилноста ќе е со помал интензитет и претежно во планинските региони.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...