УХМР: Врнежите ќе ги зголемат водостоите на реките

257

Водостоите на реките во земјава се под просекот за јануари, а новите врнежи од дожд и снег кои се очекуваат во текот на утрешниот ден во северните делови од државата ќе условат нивно благо покачување, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Оттаму порачуваат дека на југот на земјава тоа покачување ќе зависи од интензитетот на врнежите, но и од тоа дали врнежите ќе бидат од дожд или снег.

– Во зависност од остварувањето на прогнозата за врнежите, во југоисточните сливни подрачја кај одредени помали водотеци и суводолици, можна е локална појава на брзи истечни води, а поради заситеност на почвите со влага можна е и појава на заезерување на одредени рамни површини, посочуваат од УХМР.

Според најавата на синоптичарите, поинтензивни врнежи од дожд се очекуваат во југоисточните делови од Македонија, но се очекува и над 100 метри надморска височина овие врнежи да бидат од снег.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...