Утрово само патнички возила се пропуштаат на изгорениот премин Златарево

321

На граничниот премин Ново Село – Златарево на македонско-бугарската граница поради вчерашниот пожар, во кој изгоре административната зграда од бугарска страна, се пропуштаат само патнички возила. Товарниот сообраќај е во прекин.

Товарните возила се пренасочуваат кон граничните премини Ѓуешево – Деве Баир и Станке Лисичково – Делчево.

И бугарските и македонските царински служби апелираат граѓаните да го избегнуваат овој граничен премин за патување и да се упатуваат на другите гранични премини.

Во вчерашниот пожар целосно изгоре административната зграда од бугарска страна. Нема повредени лица, но е причинета огромна материјална штета. Уништени се многу документи. „БГНЕС“ пренесува дека вработените се обиделе да го изгаснат и локализираат пожарот, но не успеале.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...