Утрово најстудено во Битола со -12 степени

125

Во речиси сите градови во земјава утрово се измерени тепмератури под нулата. Најстудено со -12 степени било во Битола и со измерени -8 степени во Берово. Најтопло било во Дојран каде е измерена температура од 1 степен.

Во Скопје – Тетровец и во Прилеп се измерени -6 степени, во Крива Паланка, Демир Капија и Струмица се измерени -5 степени,  во Скопје Зајчев Рид, Тетово, Маврово и Куманово-4,  во Гевгелија – 3, во Охрид, Претор, Виница, Дебар – 2 степени, а во Крушево -1 степен целзиусов.

Висината на снежна покривка измерена во 7 часот изнесува 21 сантиметар во Маврово, 18 во Тополчани, 14 во Битола, Пожаране, 10 во Крушево, 7 во Прилеп и 6 сантиметри Охрид.

Во земјава денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен југозападен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб западен ветер. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...