Утре ќе нема струја во делови од Аеродром, Кисела Вода и Илинден

1294

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Аеродром, Кисела Вода и Илинден.

ОД РЦУК – Скопје информираат дека од 8.30 до 13 часот без струја ќе бидат корисниците од ул. „Водоча“ и ул. „Мите Богоевски“ бр. 2 во општина Аеродром, од 8.30 до 13.30 часот дел од улиците „Јустинијан Први“ и „Речиште“ после училиштето во село Драчево, како и дел од ул. „Студеничанска“ во општина Кисела Вода.

Без струја утре од 8.30 до 15.30 часот ќе бидат и корисниците од село Кадино, фирмите Амајлија, Метал Амајлија, Гранд Кадино, Интергрос и дел од село Марино во Општина Илинден.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...