УХМР за утре најавува локална појава на пороен дожд и грмежи.
Ќе има и услови за изолирана појава на невреме, особено во северните и источните делови. Максималната температура ќе биде 38 степени, а УВ индексот 8.
Во недела времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен ветер од северен правец. Температурата ќе достигне 35 степени, а УВ индексот 9.
Слично ќе биде и во понеделник.