Утре ќе добиеме Извештај за напредокот, па ќе ги чекаме Хан и Могерини

Владата е оптимист и смета дека Извештајот ќе содржи чиста препорака за почеток на преговорите.

266

Македонија утре од Европската комисија треба да го добие Извештајот за напредокот, а ден потоа се очекува посета на еврокомесарот Јоханес Хан и високата претставничка за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини.

Владата е оптимист и смета дека Извештајот ќе содржи чиста препорака за почеток на преговорите. Тоа го потврдија премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Бујар Османи и на отворениот брифинг за новинарите.

– Од она што ние го знаеме и имаме информации и од тоа што го гледаме, заслужуваме кристално чиста препорака за почеток на преговорите со ЕУ – рече Заев.

Османи го темели својот оптимизам на тоа што, според него, Планот 3-6-9 е реализиран над 90 проценти.

Вицепремиерот најави дека реформите ќе продолжат и по оценката за напредокот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...