Утре протестен марш Скопје прајд 2019

1039

Протестниот марш Скопје прајд ќе се одржи утре од 12 до 13 часот. Целта е да се сврти вниманието на јавноста кон нееднаквоста со која живеат ЛГБТИ луѓето во нашата земја.

– Поради стигмата, неприфаќањето и насилството со кое ЛГБТИ заедницата секојдневно се соочува, вашето присуство ќе претставува највидливата и најсилната поддршка која може да ја дадете – велат организаторите.

Собирањето на граѓаните е од 11 до 11.45 часот во паркот „Жена борец“, од 12 до 13 часот е маршот до Градски парк, од 13 до 13.30 часот ќе има обраќања на активисти и претставници на граѓански организации и институции, а од 14 до 16.30 часот следува музичка програма.

За да се обезбеди непречен влез во предвидената рута, организаторите инсистираат да не се носат стаклени и остри предмети, пиротехника и балони. Таквите предмети ќе бидат одземени од обезбедувањето.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...