Утре пресуда за Кичеец за „Рекет“

1041

Пресудата за третообвинетиот Зоран Милевски Кичеец во случајот „Рекет“ ќе биде соопштена утре.

– Со оглед на тоа дека обвинетиот ја призна вината, се докажа дека го сторил делото, предлагам судот да му изрече казна со сите олеснителни околности – рече обвинителката Вилма Русковска.

Александар Новаковски, адвокат на Милевски, рече дека судот мора да има предвид дека не станува збор за јавна личност, туку за бизнисмен кој може од незнаење или од околностите под кои се нашла неговата фамилија влегол во ситуацијата за која е обвинет.

– Од тој момент, тој се соочува со јавен линч. Тој е вработен во фирма на тој што го пријавил ова дело. Откако се донесе одлуката од Обвинителството тој одлучи да учествува и да го кажа сето тоа што го знае. Тој е син единец, а неговиот татко е опериран од рак, татко е на пет малолетни деца, не е претходно осудуван – рече Новаковски кој побара ова да се земе предвид како олеснителна околност.

Адвокатите на Милески побараа судот да го земе предвид тоа што тој искрено ја признал вината.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...