Министерството за внатрешни работи (МВР) ја информира јавноста дека за утре, среда, од 17 часот е закажан протест во Скопје организиран од ВМРО-ДПМНЕ со релација на движење од плоштадот ВМРО, десно по улицата Даме Груев, право по улицата Васил Главинов, право по булеварот ВМРО, лево по булеварот Илинден до пред зградата на Владата на Македонија.
Од тие причини ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на централното подрачје на Град Скопје во периодот непосредно пред и за време на одржување на протестот.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.