Работниот комитет за европски интеграции утре ќе ја одржи 40-тата седница на која ќе стане збор за објаснувачкиот скрининг, ќе биде разгледан статусот на имплементација на Планот 18, како и статусот на ИПА.
Како што информираат од Секретаријатот за европски прашања, седницата во својство на претседател, ќе ја води заменик-претседателот на Владата, Бујар Османи, а на седницата, покрај државните секретари на министерствата, ќе присуствуваат и претседавачите на поткомитетите, раководителите на работните групи, генералниот секретар на Владата, како и дел од администрацијата на Секретаријатот за европски прашања