Утре дожд и снег, од понеделник пролет

1115

Врнежи од дожд, а на планините од снег под влијание на влажен бран ќе има утре, а од крајот на викендот ќе има пораст на температурите и ќе достигнат до 19 степени.

– Врнежите ќе бидат пообилни утре попладне. Во вечерните часови врнежите ќе преминуваат во снег и на некои повисоки места. Преку ноќта и во сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер. Од недела дневните температури ќе бидат во пораст – информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Времето денеска ќе биде сончево со температура од 9 до 16 степени, утре минималните од -1 до шест, а дневните од 3 до 12 степени. В сабота и в недела  максималните температури до 13, односно 15 степени по што на почетокот на следната недела ќе се искачат до 19 степени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...