Утре ден на жалост во Охрид

110

Советот на општина Охрид на денешната вонредна седница свикана по повод  ненадејната смрт на градоначалникот Јован Стојаноски едногласно  донесе одлука утрешниот ден (17. декември)  да биде прогласен за Ден на жалост на територијата на општината.

Согласно одлуката, за утре се откажуават сите закажани манифестации од културно забавен карактер.

Комеморативната седница за Стојаноски ќе се одржи утре во 10 часот, во Големата општинска сала,  по што во 14 часот на Градските гробишта во Охрид ќе се одржи погребот.

Градоначалникот на Охрид проф.д-р. Јован Стојаноски почина вчера изутрина, во возило на службата за итна медицинска помош, на пат кон охридскиот Центар за кардиоваскуларни болести.

Стојаноски беше професор на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, а градоначалничката функција ја вршеше од 20 октомври минатата година, по победата во првиот круг од Локалните избори.

Стојаноски, роден на 7 август 1970 година во Охрид, беше оженат и татко на две деца.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...