Утре да се стаса порано на скопскиот аеродром за утринските и вечерните летови

163

Поради посетата на папата Франциск патниците кои утре имаат утрински летови од Меѓународниот аеродром Скопје треба да пристигнат на аеродромот најдоцна во седум часот, бидејќи од 7,30 часот до 9 часот, патот до аеродромот ќе биде затворен за сообраќај, соопшти концесионерот на аеродромот ТАВ Македонија.

Патниците кои ќе имаат вечерни летови, пак, треба да пристигнат на аеродромот најдоцна до 15,30 часот, бидејќи од 16,15 часот патот до аеродромот во Скопје ќе биде затворен за сообраќај.

Детали во врска со режимот на сообраќај од аеродромот до Скопје и евентуални измени,  се достапни на веб-страницата https://papa.mk/soobrakjaj/.

Кај редовниот автобуски превоз за патници на ТАВ Македонија, од град Скопје до Меѓународниот аеродром Скопје и во обратна насока, со официјалниот превозник „Манора“, утре временскиот распоред на автобуските линии нема да претрпи промени, освен линијата која во 8:30 часот поаѓа од аеродромот кон Скопје, која што ќе тргне половина час подоцна. Информации и евентуални измени во автобускиот превоз за патници од и до аеродромот се достапни на веб-страницата на Манора: https://www.manoragroup.com/en.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...