Утре генералка во Аеродром

599

Општина Аеродром во соработка со Град Скопје и јавните претпријатија утре ќе организира голема акција за чистење на целата територија на Општината што ќе опфати метење и миење на улиците, кастрење гранки и косење трева, како и чистење на дивите депонии на територијата на Општината.

Во чистењето ќе бидат вклучени 80 работници, општинската администрација и доброволци граѓани на Општина Аеродром. Чистењето ќе се одвива од Железничка станица, па сѐ до населбата Ново Лисиче.

Во рамките на оваа акција, во соработка со „Комунална хигиена“, ќе бидат поставени и контејнери за собирање кабаст отпад на следниве локации:

улица „Коста Новаковиќ“ бр. 29 во Стар Аеродром,

булевар „Јане Сандански“ бр. 72 зад ТЦ „Бисер“ и

улица „Димитар Туриманџовски“ спроти амбулантата во населбата Лисиче.

Општина Аеродром апелира до граѓаните совесно да се однесуваат со отпадот  и правилно да го селектираат на соодветните места.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...