Утре во 14.30 часот грчкиот Парламент гласа за ратификација на Договорот од Преспа

544
Photo: EPA-EFE/YANNIS KOLESIDIS

Поради долгата листа на пријавени пратеници за збор, гласањето за ратификација на Договорот од Преспа во грчкиот Парламент ќе се одржи утре во 14.30 часот по локално време, јави дописничката на МИА од Атина.

На расправата за ратификација на Договорот од Преспа, пријавени за збор се 205 од 300 пратеници колку што брои грчкиот Парламент, како и координаторите на партиите, министрите во владата и лидерите на политичките партии.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...